Почетна
Податоци за компанијата
Систем за пренос на
природен гас
Природен гас
Од идеjа...
Контакт
Фотогалерија
Јавни набавки
Законска регулатива
Линкови
Заштита на животната средина

Природниот гас е екстремно важен извор на енергија при намалување на загадувањето и одржување на чиста и здрава животна средина. Во прилог да биде домашен неопходен и сигурен извор на енергија, употребата на природниот гас исто така нуди и овозможува бројни еколошки бенефити во однос на другите извори на енергија особено од останатите фосилни горива.

Природниот гас е многу чисто гориво при согорување. Јагленот и нафтата, и останатите фосилни горива, хемиски се покомплицирани од природниот гас и кога согоруваат тие испуштаат потенцијално штетни хемикалии во воздухот. Јагленот и нафтата се составени од многу покомплексни молекули, со висок процент на јаглерод и азот, како и сулфурни компоненти. При нивно согорување се испуштаат полутанти, т.е висок процент на јаглерод диоксид, азотни оксиди (NOx) и сулфур диоксид (SO2). Исто така при согорувањето испуштаат цврсти честички (пепел, саѓе, метал и други полутанти), супстанции кои не согоруваат туку се таложат во атмосферата и го деградираат квалитетот на воздухот. Од друга страна, при согорување на природниот гас се испуштаат многу мали количества на сулфур диоксид и азотни оксиди, практично нема пепел или други честички и ниско ниво на јаглендиоксид, јаглен моноксид и други јагленоводороди. Најглавната составна компонента на природниот гас е метанот и при негово согорување се испуштаат помалку пропратни штетни продукти во однос на останатите фосилни горива. Хемиски, овој процес е реакција меѓу метанот и кислородот и како крајни продукти се добиваат јаглендиоксид CO2, вода H2O и голем износ на енергија. Оваа реакција хемиски може да се запише како:

CH4 [g] + 2 O2[g] → CO2 [g] + 2 H2O [l] + 891 kJ

При согорување на природниот гас емисијата на CO2 е приближно 30% помала отколку при согорување на нафтата, и нешто под 45% помалку CO2 во однос на јагленот. При согорувањето на природниот гас емисијата на цврсти честички е за 90% помала во однос нафтата, односно 99% помала во однос на согорување на јагленот. Зголемената употреба на природниот гас ја намалува и емисијата на останатите хидрокарбонати. Во составот на природниот гас речиси нема сулфур, што укажува на фактот дека при негово согорување не се емитира SO2 и се намалуваат емисиите кои предизвикуваат кисели дождови. Азотот во составот на природниот гас учествува со мал процент, така да емисиите на азотни оксиди се намалуваат до 80% во однос на јагленот. При планираното и контролирано испуштање на природниот гас, истиот не се јавува како токсична материја, има својство на испарливост, и бидејќи е два пати полесен од воздухот, неговото влијание во овиеслоеви на атмосферата е незначително.