Почетна
Податоци за компанијата
Систем за пренос на
природен гас
Природен гас
Од идеjа...
Контакт
Фотогалерија
Јавни набавки
Законска регулатива
Линкови
Систем за пренос на природен гас

Системот за пренос на природен гас во Република Северна Македонија е дел од рускиот транзитен гасовод кој поминува низ Украина, Романија и Бугарија, а наменет е и за Турција, Грција, Србија и Црна Гора. Приклучното место на нашиот систем со бугарскиот е на источната граница во месноста Деве Баир. Високопритисниот дел од преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони нормални метри кубни природен гас годишно при работен притисок од 40bar. Главната мерна станица (ГМС) се наоѓа во месноста Жидилово со капацитет од 240.000Nm3/h. Проектираниот притисок на природниот гас во изградениот гасовод може да биде над 54bar. На линискиот дел се изградени пратечки објекти, и тоа отпремно-приемна чистачка станица, 8 блок станици на магистрален систем, 8 блок станици на разводен систем и систем за катодна заштита. На високопритисниот дел постојат 5 главни мерно-регулациони станици (ГМРС). Преку овие станици, високо-притисниот дел е поврзан со ниско притисните градски мрежи во Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје. Во истите градови се изградени градски гасоводни мрежи со работен притисок од 12bar. Корисниците преку мерно-регулациони станици се поврзани со градските гасоводни мрежи (ГГМ).

Објект

Должина (km)

Дијаметар на цевка (mm)

Магистрален гасовод

98.197

530

Разводен гасовод кон Крива Паланка

1.521

108

Разводен гасовод кон Гиновци

1.692

108

Разводен гасовод кон Кратово

4.592

108

Разводен гасовод кон Куманово

6.972

219

Разводен гасовод кон Скопје-Југ

8.314

426

Разводен гасовод кон Скопје-Север

1.859

325


Пратечки објекти

Влезно место

Проток
(Nm3/h)

Притисок
влез (bar)

Притисок
излез (bar)

ГМС Жидилово

240 000

54-40

min 40

ГМРС Крива Паланка

4 500

54-25

12-8

ГМРС Кратово

4 500

54-25

12-8

ГМРС Куманово

20 000

54-25

12-8

ГМРС Скопје-Север

70 000

54-25

12-8

ГМРС Скопје-Југ

70 000

54-25

12-8

ГМРС Бунарџик

20 000

54-25

6-4


Градски Гасоводни Мрежи (ГГМ)

Градска Гасоводна Мрежа

Должина (km)

Кратово

5.902

Куманово

5.026

Скопје

25.869



Пренесени количини

Година

Пренесени количини (Nm3)

2006

82.787.893

2007

105.398.201

2008

119.607.640


 


Приклучување

Приклучување на системот за пренос на природен гас е постапка на изградба на приклучна инсталација со која потенцијалниот корисник се поврзува со системот. По доставеното барање и дефинирање на техничките услови, одпочнува постапката за приклучување на системот согласно Мрежните правила и постоечката законска регулатива. Во предвидениот рок се добива одобрение за приклучување.

Барање за приклучување на системот за пренос на природен гас